2-Business center Elan Properties 20220817

Бизнис центар Елан Пропертис

Скопје, Македонија 

Адитив за водоотпорност на бетонот со – кристализаија Xypex Admix C1000 NF  Хидроизолација на темелни плочи подрумски ѕидови  и лифтовски јадра подземна гаража  од  објектот од 1,2,3  дела во бетон во 1100.0 м3  или вкупно употребено 3300,0 кг Admix C1000 NF.

  • agriculture

    Земјоделство

    Производите „Xypex“ играат клучна улога во хидроизолацијата и заштитата на бетонот од навлегување на вода заради хидростатички притисок и агресивни напади од хемиски супстанции – проблеми обично поврзани со намалениот корисен век на бетонските земјоделски структури.

  • dams

    Брани и наводнување

    Структурниот интегритет на бетонските брани и структурите за наводнување зависи од заштитата на челичната арматура од корозија. Неадекватната хидроизолација, пукнатините, дефектите на споевите, напади од хемиски супстанции, базните реакции на агрегатот и нагризувањето се проблеми што ќе имаат како резултат влошување на бетонот. Краткорочно ова може да доведе до загуба на вода, намалување на водниот проток и непредвидени трошоци за одржување.

  • industry

    Индустриски структури

    Индустриските бетонски структури постојано се изложени на хидростатички притисок, сулфати, хлориди и други агресивни хемиски супстанции. Без соодветна заштита, структурниот интегритет на бетонот наскоро ќе биде изложен на опасност, што предизвикува скапи напори за санација и скратен животен век.

  • power

    Енергетски и комунални услуги

    Заради нивната природа, бетонските енергетски и комунални структури може да бидат изложени на сериозна опасност од хидростатички притисок и напади од хемиски супстанции. Без соодветна заштита, структурниот интегритет на бетонот наскоро ќе биде изложен на опасност, што предизвикува скапи напори за санација и скратен животен век.

  • bridges

    Мостови

    Мостовите од армиран бетон постојано се наоѓаат под напад од влага и корозија предизвикана од хлориди. Без соодветна заштита, структурниот интегритет на мостот наскоро ќе биде изложен на опасност, што предизвикува скапи напори за санација и скратен животен век.

  • marine

    Морски структури

    Морските структури со армиран бетон постојано се наоѓаат под напад од разурнувачките ефекти на влагата и корозијата предизвикана од хлориди. Без соодветна заштита, структурниот интегритет на мостот наскоро ќе биде изложен на опасност, што предизвикува скапи напори за санација и скратен животен век.

  • water-treatment

    Постројки за третман на води

    Структурниот интегритет на резервоарите за вода кај постројките за третман на води зависи целосно од заштитата на армираниот бетон од корозија. „Xypex“ има огромно искуство во хидроизолацијата и заштитата на комуналната инфраструктура и игра клучна улога во индустријата за третман на води.

  • foundations

    Општи градежни темели

    Структурниот интегритет на градежните темели, без оглед дали се длабоки или плитки, може да бидат сериозно изложен на опасност од хидростатички притисок и истекувања на вода поврзани со високи нивоа на водите. Нетоксичната технологија со кристализација на „Xypex“ штити илјадници темели низ светот.

  • wwtp

    Собирање и третман на отпадни води

    Корозијата предизвикана од микроби и процедената вода се два главни проблеми заеднички за структурите за собирање и третман отпадни води. Нашата технологија со кристализација „Xypex“ се докажа како кај обновените, така и кај новите канализациски структури и структури за третман на отпадни води, и се смета дека е најдобра за управување со хемиски напади во тешки биохемиски услови и дека е отпорна на процедена вода дури и при екстремен хидростатички притисок.

  • tunnels

    Тунели

    Заради нивната природа и местоположба, тунелите може да бидат доведени во сериозна опасност од хидростатичкиот притисок и истекувањата на вода поврзани со високи нивоа на водите. „Xypex“ има обемни досегашни резултати во хидроизолацијата и заштитата на тунели.

Scroll to top