2-Business center Elan Properties 20220817

Бизнис центар Елан Пропертис

Скопје, Македонија 

Адитив за водоотпорност на бетонот со – кристализаија Xypex Admix C1000 NF  Хидроизолација на темелни плочи подрумски ѕидови  и лифтовски јадра подземна гаража  од  објектот од 1,2,3  дела во бетон во 1100.0 м3  или вкупно употребено 3300,0 кг Admix C1000 NF.

Xypex е уникатен. Својствата за кристализација на хидроизолацискиот систем на „Xypex“ обезбедуваат голем број предности при примената во споредба со традиционалните заштитни производи.

advantages-banner

„Xypex“ е различен

Својствата за кристализација на хидроизолацискиот систем на „Xypex“ обезбедуваат голем број предности при примената во споредба со традиционалните заштитни производи.

  • На „Xypex“ не му треба сува површина; всушност, неопходна е влажна површина.
  • На „Xypex“ не му треба суво време за да се примени.
  • На „Xypex“ не му треба скап основен слој на површината или нивелирање пред примената.
  • Не се дупи, не се кине и не се одвојува на споевите.
  • Не му е потребна заштита при насипување или при поставување челик, жичена мрежа или други материјали.
  • Може да се примени на која било страна на бетонската површина – на негативната или на позитивната страна (притисок на вода).
  • На „Xypex“ не му треба заптивање, лепање и финиширање на споевите, рабовите или меѓу мембраните.
  • Трошокот за неговата примена е помал од повеќето останати методи.

Предности на апликацијата

Системот со кристализација „Xypex“ за хидроизолација на бетон е суштински различна од традиционалните заштитни производи, како мембрани и цементни премази.

Погледнете ги овие разлики:

  • „Xypex“ создава кристализирана структура длабоко во порите и капиларните патишта на бетонската маса за да спречи навлегување на вода и агресивни хемиски супстанции. За разлика од него, останатите заштитни производи функционираат само на површината на бетонот.
  • Бидејќи „Xypex“ не зависи од прилепувањето на површината за да го постигне ефектот на водоотпорност, тој е отпорен на екстремен хидростатички притисок.
  • „Xypex“ ќе ги запечати статичките влакнести пукнатини со големина со 0,5 mm.
  • Врз производот не влијаат проблемите со влошување што се среќаваат кај мембраните.
  • „Xypex“ е постојан и се активира повторно во присуство на вода.
Scroll to top