Основа за создавањето за технологијата со кристализација „Xypex“ претставуваше длабокото разбирање на хемискиот и физичкиот состав на бетонот. Бетонот е порозен. Неговите капилари што наликуваат на тунелисе природен дел од неговата маса, и дозволуваат минување на вода и други течности. Истражувачите во„Xypex“ја препознаа можноста за хемиски третман што би ги наполнил овие капилари, со цел да се спречи навлегувањето на вода и други течности од кој било правец. Со разлевање, реактивните хемиски супстанцииво производите на „Xypex“ ја користат водата како носечко средство за навлегување и патување низ капиларите на бетонот. Овој процес ја забрзува хемиската реакција меѓу „Xypex“, влагата и нуспроизводите од хидратацијата на цементот, со што се формира нова, нерастворлива кристализирана структура. Оваа интегрална структура ги пополнува капиларните патишта, со што бетонот станува водоотпорен.
Фактот дека технологијата со кристализација „Xypex“ сега има технички податоци, и се употребува во илјадници различни хидроизолациски проекти низ целиот свет, е доказ за оригиналниот концепт. Технологијата за хидроизолација со кристализација беше идеја што растеше, бидејќи хемичарите на компанијата „Xypex“ ги испитуваа својствата на бетонот и најдоа начин да го подобрат. Денес, ние ја продолжуваме традицијата.